Посебна чест денеска имав да ги примам тато Горан, хероината мама Наташа и трите прекрасни ангелчиња.

Морам да кажам дека во мојата работна просторија денеска имаше посебна енергија, од срце посакувам овие три прекрасни ангели да растат со тато и мама, да се живи и здрави и Господ да е постојано со нив !

Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, Општина Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2025 10:18