Италијанската Влада усвои нова одлука со која се дозволува префрлање на нерегуларните мигранти од центрите за притвор во Италија во прифатните центри во Албанија.
- Според италијанските медиуми, оваа одлука се заснова на правна дупка како во италијанското законодавство, така и во европските регулативи за миграција, што може да дозволи користење на имигрантските центри во Албанија, кои останаа празни, објавија албанските медиуми.
Со новата одлука нерегуларните мигранти, кои се наоѓаат во центрите за притвор во Италија, можат да бидат префрлени во центри во Албанија, каде што ќе останат до 18 месеци, чекајќи нивните земји да дозволат нивно враќање.
Но, процедурата предвидува конечната депортација да се изврши од италијанска територија, што значи дека по престојот во Албанија мигрантите ќе се вратат во Италија за да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат. Во Италија, овој начин предизвика загриженост поради зголемените административни трошоци, бидејќи секој приведен мигрант мора да биде придружуван од двајца полицајци за време на трансферите меѓу двете земји.
Албанија и Италија потпишаа договор за прифаќање мигранти на 6 ноември 2023 и беше најавено дека ќе профункционираат во мај минатата година. По неколкуте одложувања, првата група од 16 мигранти пристигна во септември, но беа вратени назад по одлуката на италијански суд. Тоа се случи уште во два наврати, па истите се празни.
Со центрите што се изградени во округот Лежа, поточно во пристанишниот град Шенѓин, каде ќе бидат прифатени и оној во Ѓадр, каде ќе бидат сместени, управуваат италијанските власти.
Договорот потпишан меѓу двете земји предвидува во прифатниот центар во Ѓадр да бидат сместени 3.000 мигранти месечно или 36.0000 годишно, на кои во рок од еден месец треба да им се реши статусот. Со новата одлука тие ќе остануваат по 18 месеци.