Новиот договор на Кендрик Нан ќе вреди 4,5 милиони евра годишно.

Според „SDNA“, со тригодишниот договор ќе заработува 4,5 милиони евра годишно, што го прави најплатен играч во Европа.

Исто така, се известува дека договорот не содржи никакви опции во врска со можното заминување во НБА.

Нан е МВП на финалето на грчкото првенство и играч од првата симболична петорка на Евролигата.

Годинава предводникот на Панатинаикос бележи 20,3 поени, 4,1 асистенции и 3,6 скока во просек по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2025 14:38