Полицијата ноќеска во 3:10 часот го лишила од слобода Б.М.(61) од село Речане, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.

Како што соопшти МВР, лицето било лишено од слобода врз основа на судска наредба.

Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена за сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ. Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2025 15:51