Во организација на Младинскиот центар од Охрид в сабота на плоштадот кај Чинарот во Охрид ќе се одржи пролетниот еко-маркет.

Како што е најавено од организаторот, на базарот ќе можат да се продава и купи користена облека и обувки, рачно изработени сувенири, книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки.

Креативниот клуб на Младински центар - Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги што ќе бидат изложени на пазарот.

- Сè уште има место за учество. Доколку сакате да продавате и да ја поддржите оваа иницијатива, пријавете се, велат од Младински центар.

Потенцираат дека сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Петар, кој има ретка болест и му се потребни за итни и сложени операции во Истанбул.

Најавената активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2025 04:08