Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска изјави декана земјата и недостасуваат речиси 10 милијарди за обнова во 2025 година.

- Во 2025 година, со поддршка на донаторите, Владата одвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетно заздравување. Во исто време, вкупниот финансиски јаз за потребите за обнова во 2025 година изнесува речиси 10 милијарди долари, наведе Шмихал.

Според него, вкупната потреба од меѓународна поддршка годинава изнесува 39,3 милијарди долари, а Украина има потврда од партнерите дека оваа потреба ќе биде покриена.

Буџетот на Украина неодамна се зголемил за околу 400 милиони долари од Меѓународниот монетарен фонд, со што вкупната поддршка од ММФ за Киев е над 10 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2025 04:59