Британската влада им забрани на 1.500 навивачи на Сити и Челси да патуваат во САД на Светското клупско првенство. Имено, станува збор за лица кои се окарактеризирани како хулигани, а нема да можат да присуствуваат на натпреварите на нивните клубови на Светското клупско првенство, соопшти британската влада.
Имено, има 1.500 навивачи кои ќе треба да ги предадат своите пасоши на полицијата и нема да можат да патуваат надвор од државата во периодот од 9 јуни до 13 јули. Доколку некој од овие лица сака да патува надвор од државата, ќе треба да побара посебна дозвола од локалното МВР, но нема да може да оди во САД.
Лицата кои нема да реагираат на оваа забрана или да се обидат да ја заобиколат се соочуваат со затворска казна до шест месеци.
Светското клупско првенство ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули, а Англија ќе ја претставуваат Челси и Манчестер Сити