На најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација, Македонија остана на 67. место.

„Црвено-жолтите“ во мартовскиот циклус на Мундијалските квалификации го победија Лихтенштајн и ремизираа со Велс.

Од нашата група Белгија е 8-ма, Велс 29-ти, Казахстан се наоѓа на 113. место, Лихтенштајн е на 205. позиција.

Лидер во светскиот фудбалски поредок е Аргентина, пред Шпанија и Франција. Во Топ 10 се и: Англија, Бразил, Холандија, Португалија, Белгија, Италија и Германија.

Следната листа ќе биде објавена на 10 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2025 16:17