Најновите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увозна стока опфаќаат и ненаселени или речиси ненаселени територии, вклучувајќи делови од Австралија и Норвешка.

Според списокот објавен на „X“ на Белата куќа, САД воведоа царина од 10 отсто на стоки од островот Херд и Мекдоналдс - австралиски територии лоцирани поблиску до Антарктикот, кои се целосно ненаселени, јавува Би-Би-Си. Царини од 10 проценти се воведени и за стоките од Свалбард и Јан Мајен, две оддалечени норвешки територии во близина на Северниот пол, кои заедно имаат околу 2.500 жители.

Не е јасно какви производи извезуваат овие територии во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2025 16:19