Унгарија е обврзана да соработува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) и откако Будимпешта изрази намера да се повлече од судот за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого е издаден налог за апсење, соопшти портпаролот на МКС, Фади Ел Абдалах.
„Судот потсетува дека Унгарија е обврзана да соработува со МКС“, изјави за новинарите Ел Абдалах.