Победата на неодамна одржаниот српски музички натпревар „Песни за Евровизија“ ја освои пејачот Стефан Здравковиќ - Принц. Тој со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија на претстојниот „Евросонг 2025“.

Но, по победата, за Принц почнаа да кружат разни озборувања. Меѓу другото, на „Икс“ се појавија и „компромитирачки“ дигитални пораки за коишто се тврди дека Принц наводно ги разменувал со помлади момчиња. Следеа и обвинувањата за педофилија, а пејачот за српски „Телеграф“ одговори дека се работи за местенка.

- Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа тоа што ќе ја претставувам Србија на „Евровизија“, но не прифаќам ваков киберкриминал. Случајот е пријавен во Единицата за високотехнолошки криминал. Тие се многу успешни во решавањето вакви работи, изјави Принц.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2025 06:10