Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, Дева се појави на црвениот тепих на промоцијата на ТВ-серијата „Леопард“ (Il Gattopardo) на „Нетфликс“, со своето момче - 24-годишниот италијански глумец Сол Нани. Серијата е снимена во Италија, а младиот пар во неа глумат заедно, па и овојпат, штом се појавија пред фотоапаратите, тие го украдоа целото внимание, пренесува „Индекс“.

Ќерката на Моника Белучи, по манекенството, влезе во светот на глумата

„Пред две години, минавме шест месеци 'оживувајќи' го 'Леопард' - не само како приказна, туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував - за уметноста, историјата и неверојатните луѓе. Но, среде сѐ тоа, запознав некој кој стана мое сидро на ова патување...“, напиша Дева до фотографиите од неа и Сол на снимањето.

Врската ја потврдија во 2023 година со фотографија од јахта.

Дева Касел веќе го освојува и модниот свет. Неодамна прошета на пистата за престижниот бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано. Таа е едно од лицата на модната куќа и веќе има предводено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Во светот на манекенството влезе на 15 години, па во овие 6 години неколкупати ги красеше насловните страници на познати списанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2025 06:26