Млади битолчани, љубители на домашни животни, волонтери и стручни лица го одбележаа Светскиот ден на бездомни животни. Прв пат, оваа година, одбележувањето се одржа во прифатилиштето за бездомни кучиња „Хачико“ кое како што е познато Општина Битола го отвори минатата година и работи во рамки на локалното јавно претпријатие „Комуналец“.

-Светкиот ден на бездомните животни е уште една можност учениците да се запознаат со начинот на работа на прифатилиштето, со грижата што се пружа на штитениците и да вдомат куче. Во прифатилиштето „Хачико“ има секојдневна стручна грижа, хуман третман и затоа потребна е континуирана поддршка, посочија учесниците одбележувајќи го светскиот ден на бездомните животни во Битола.

Прифатилиштето за бездомни кучиња „Хачико“ во Битола работи врз принципот „Залови-стерилизирај-врати“, односно откако кучињата ќе го поминат хуаманиот третман, се враќаат на истата локација од каде биле заловени.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2025 00:14