Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, се осврна на ремито со Бетис.

Каталонците синоќа во 30. коло од Ла Лига на свој терен одигра нерешено 1:1. Серијата на Барселона од девет последователни победи во шпанското првенство беше прекината.

-Тимот даде максимум и се обиде да го постигне вториот гол, но не успеа. Немавме среќа во гостинскиот шеснаесетник. Задоволен сум од она што го видов во второто полувреме. Има денови кога едноставно не можеш да постигнеш гол и мораш да го трпиш тоа. Треба да размислуваме за позитивните нешта, изјави Флик по натпреварот.

Барселона со 67 бода е лидер во Ла Лига. Тимот има четири бода пред Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2025 00:14