Ливерпул загуби на гостувањето кај Фулам во денешниот натпревар од 31. коло на Премиер лигата со 3:2.

Стрелци на головите за лондончани беа Рајан Сесењон (23. минута), Алекс Ивоби (32.) и Родриго Муниз (37.).

Алексис Мекалистер (14.) и Луис Дијаз (72.) погодија за „Црвените“.

Ливерпул (73 бода) го претрпе вториот пораз во оваа сезона во Премиер лигата и останува лидер во поредокот.

Фулам со 48 се искачи на осмото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2025 04:55