Ливерпул загуби на вчерашното гостување во Лондон кај Фулам во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата со 3:2.

Домаќините трите гола ги постигнаа од 23 – 37.минута за на полувреме да се замине со резултат 3:1.

Тимот од „Енфилд“ прими три гола во едно полувреме за прв пат од октомври 2020 година. Тогаш Ливерпул загуби од Астон Вила со резултат 4:1.

Оваа сезона во Премиер лигата, екипата на Арне Слот по 31 коло има освоено 73 бода и е на чело на табелата со 11 бодови пред Арсенал



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2025 20:31