Во Битола денеска во 03.00 часот полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода С.А.(30) од Битола поради сомнение дека извршила кражба во казино на ул.„Широк Сокак” во Битола, при што одзела паричник со пари во различни апоени.

МВР соопшти дека денеска во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп затоа што на ул.„Драган Талески“ во Прилеп извршил кражба од паркирано патничко возило.

- Украденото е вратено на сопствениците, а по документирање на настаните против лицата ќе следуваат соодветни пријави, посочуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2025 06:28