Инсајдерот Крис Медланд откри дека раководството на Астон Мартин, предводено од главниот извршен директор Енди Кауел, веќе ги проценува можните кандидати за места во двата болиди на тимот до 2027 година, кога истекуваат договорите на сегашните возачи.

Кауел ги разгледува сите опции за 2027 година, кога ќе им завршат договорите на двата актуелни возачи на Астн Мартин.

Новинарот истакна дека Кауел бил прашан за можниот интерес за Макс Верстапен и Јуки Цунода, возачи со кои претходно се шпекулираше дека Астон Мартин е поврзан. Лидерот на тимот не негираше нивно евентуално вклучување во листата на кандидати.

Кауел верува дека партнерството со Адријан Њуи и префрлањето на моторите на Хонда од 2026 година го прават Астон Мартин атрактивна опција за врвните возачи.

Во тимот моментално се Фернандо Алонсо и Ленс Строл.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2025 02:25