Министерството за здравство попладнево бара расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.
- Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи. велат од Министерството по информациите дека е приведен директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи.
Од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството информираа дека во координирана акција приведени се две лица под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“