Украина ја финализираше својата позиција околу договорот со САД за украинските минерали и наскоро ќе испрати делегација во Вашингтон за директни разговори, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха.
- Украинската страна го завршува изборот на преговарачкиот тим, кој во најскоро време ќе замине за Вашингтон за да го разгледа американскиот предлог за договор. Веќе ја дефиниравме нашата позиција и визија за идниот текст на договорот, рече Сибиха.
Тој подвлече дека спогодбата мора да биде заемно корисна, да ги почитува интересите на двете страни и никако да не се коси со стратешката ориентација на Украина кон членство во Европската Унија. „Тоа е клучен принцип за украинската страна“, истакна Сибиха.
Во преговорите Украина ќе биде поддржана од водечка адвокатска канцеларија, а дел од делегацијата ќе биде и претставник на Министерството за надворешни работи.
Претходно, украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, најави дека делегација ќе замине во Вашингтон оваа недела за да продолжи со разговорите околу новото стратешко партнерство во областа на ретките минерали и земји елементи.