Германскиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ постигна договор за коалиција со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за формирање на идната влада.
Договорот уследи по неколкунеделни тешки преговори откако Христијанско – демократската унија на Фридрих Мерц и баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) победија на предвремените парламентарни избори во февруари.
Мерц (69) ќе го замени досегашниот канцелар Олаф Шолц.