Три лица се убиени, а тројца се повредени во престрелка што синоќа се одиграла во сојузната држава Вирџинија, јавија американските медиуми.
-Полицијата вчера околу 17,30 часот добила повик за пукање во комплекс на градска куќа во округот Спотсилванија, на околу 60 милји југозападно од Вашингтон, рече мајор Елизабет Скот, портпаролка на Канцеларијата на шерифот Спотсилванија.
Засега нема уапсени.
-Има десетици и десетици полицајци кои активно бараат осомничени и го обезбедуваат местото на злосторството, рече Скот.
Повредените во масовното пукање се пренесени во болници. Нивната состојба е непозната. Веднаш немаше дополнителни информации за жртвите.
Скот додаде дека е испратен повик луѓето да не влегуваат во областа.с