Швајцарската Влада денеска соопшти дека сака да ги зајакне контактите со САД за да се идентификуваат решенија за прашања кои посебно се однесуваат на трговијата, економијата и финансиите.

Во соопштението се наведува дека Владата одлучила да формира тело одговорно за координација на швајцарско-американските односи.

Царините кои САД и ги воведоа на Швајцарија се највисоки меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), со 31 процент.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2025 04:25