На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници вчера во 10.05 часот го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција, осомничен за сторено кривично дело „давање поткуп“.

-При гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР посочува дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2025 05:31