Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на локацијата каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на ул.„Партизански одреди“ бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда, соопштија денеска од Општина Ѓорче Петров.

-Констатирани се неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е Решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица „Партизански Одреди“ бр.бб, во рок од пет дена да го вратат во првобитна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2025 02:52