Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Илија Стоилев денеска оствариle средба со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Во соопштението од Kабинетот на заменик министерката Трајков се наведува дека на средбата се прецизирани конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови, кои се на располагање, а се разговарало и за тековните и идните проекти од областа на земјоделството и можностите за поддршка преку европските фондови. Посебен акцент бил ставен на развојот на руралните подрачја, унапредување на инфраструктурата и креирање на нови можности за локалните земјоделци.

-Во рамки на посетата, делегацијата изврши и обиколка на трговско друштво од областа на месната индустрија во општина Свети Николе, кој е модернизиран и поддржан преку ИПАРД програмата. Посетата претставува добар пример за успешна примена на европските средства во развојот на локалната економија и поддршката на претприемништвото, се вели во соопштението.

Трајков, Стоилов и Владев ја потенцирале важноста на меѓу институционалната соработка и заедничките напори за поттикнување на одржлив развој на регионот. Средбата, се додава во соопштението, е оценета како продуктивна, со јасна определба за натамошно зајакнување на соработката во интерес на граѓаните на Општина Свети Николе и пошироко.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2025 02:53