Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска остварил работен состанок со директорот на Управата за заштита на растенијата Небојша Милосављевиќ и началникот на Граничната фитосанитарна инспектија на Република Србија, Иван Томашев.

Како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, Анакиев во рамки на посетата во Белград дискутирал за мерките кои се преземаат за олеснување на процедурата за извоз на млад компир од Република Македонија во Република Србија.

На средбата разговарале и на повеќе актуелни теми кои се од исклучителна важност за пласманот на производите на македонските земјоделци на српскиот пазар.

Анакиев посочил дека соработката помеѓу овие институции ќе продолжи и во иднина со цел да се обезбеди непречен извоз и да се зајакнат трговските односи во земјоделскиот сектор помеѓу двете земји, бидејќи, како што се наведува во соопштението, нашата работа е секогаш посветена на промовирање и заштита на интересите на земјоделците.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2025 02:53