Развојна банка ја исплати втората транша во износ од 74 милиони евра кон комерцијалните банки, за проекти на 248 компании од кредитната линија за инвестиции и развој.

Како што информираат од Развојна банка, од износот на траншата, најголем дел, односно 62 отсто, се наменети за мали претпријатија за реализација на 153 одобрени проекти.

– По однос на структурата на дејности, 96 проекти се од областа на производството, 27 проекти за градежништво, 61 проект за трговија, 38 проекти за поддршка на транспортот, 9 за хотели и угостителство, 12 за услуги и 5 проекти за останати дејности на компаниите. Македонските компании од оваа транша ќе инвестираат во опрема 28 милиони евра, за градежни инвестиции се 36 милиони евра, за обновливи извори на енергија 7 милиони евра и транспортни средства во износ од 3 милиони евра, стои во соопштението.

Развојната банка, додаваат оттаму, останува интензивно да работи како и до сега за реализација на останатите транши од кредитната линија наменета за инвестиции и развој на домашните компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2025 03:44