Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денеска дека е наивно и опасно да се мисли дека Кина може да ги замени САД како трговски партнер и ги повика членките на Европската унија да се држат заедно во моменталната клима на глобални трговски тензии.

„Идејата дека САД би можеле да ја заменат Кина е ужасно опасна идеја“, им рече Бајру на новинарите за време на посетата на саемот за сирење и вино.

Кинескиот претседател Си Џинпинг му порача денеска на шпанскиот премиер Педро Сачез дека Кина и ЕУ мора да се обединат во одбраната на глобализацијата и спротивставувањето на „едностраните акти на малтретирање“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2025 04:33