Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан денеска изјави дека доколку Соединетите Американски Држави сакаат да го решат царинското прашање преку дијалог и преговори, треба да ги прекинат екстремните притисоци, бидејќи, како што наведе, таквите притисоци не делуваат врз Кина.
„Кина многупати го изрази својот став за прашањето на царините: нема победници во царинските и трговските војни. Кина не сака да се бори, но не се плаши од борба. Ако американската страна сака да го реши царинското прашање преку дијалог и преговори, треба да престане со екстремните притисоци, бидејќи таквите притисоци не се применуваат во Кина“, рече портпаролот на кинеското Министерство на редовна прес-конференција.
Тој истакна дека секој дијалог се води врз основа на еднаквост, почит и взаемна корист.