По осум одиграни натпревари Вардар останува лидер во Сеха лигата со освоени 22 бода а денес го декласираше аутсајдерот Извиѓаќ и го испрати дома со 42 гола во мрежата. Екипата на Вардат иако играше без петмина првотимци доминираше во текот на целиот натпревар и не дозволи никакво изненадување на натпреварот.

Тренерот Раул Гонзалез реши на овој натпревар да ги одмори Арпад Штербик, Петре Ангелов, Жоан Кањељас, Иван Чупиќ и Тимур Дибиров. на нивно место во записникот се најдоа младите Даниел Ѓорѓески, Мартин Поповски и Иван Димитровски.

А младиот голман Даниел Ѓорѓески веднаш блесна. Откако го замени Страхиња Милиќ на голот во второто полувреме, „дебитантот" нанижа шест одбрани за кратко време. На крајот средбата ја заврши со 8 одбрани. На своите дебитански голови во СЕХА лигата се израдува и крилото Иван Димитровски кој трипати реализираше.


Вардар го згази Извиѓач

-Сакам да им честитам на Извиѓач, денес одиграа многу добар натпревар, иако има млади играчи. Во првото полувреме се потрудивме да одиграме добра одрана, нешто недостасуваше и примивме дури 16 голови. Но во второто полувреме преминавме на одбрана 5-1, која се покажа како успешна и затоа користевме лесни голови преку контра-напад. Тука ја направивме високата предност. Добрата игра на гостите на крајот не се прикажа и преку резултатот изјави тренерот Гонзалес по завршување на натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 22:12