[photo]
Шведскиот стручњак Ларс Лагербек е нов селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка соопшти Норвешката фудбалска федерација.
Лагербек на клупата на Норвежаните доаѓа по очајниот старт во квалификациите за Светското првенство во Русија и само три освоени бода од четири натпревари. Тој на клупата на „викинзите“ ќе го замени Пер-Матијас Хегмо, кој поднесе оставка во ноември, по поразот во Чешка (2-1).
Лагербек е докажан стручњак во скандинавските земји, успеси постигнуваше со репрезентацијата на Шведска и посебно со Исланд, со кого изненадувачки дојде до четврт-финалето на Европското првенство во Франција.