Јсп - Скопје промовираше нова апликација - ТРАНСИНФО која на корисниците треба да им го олесни транспортот низ градот. Алатката може да се пронајде на интернет страницата info.skopska.mk.

Планерот содржи три дела според кои се нудат информации за корисниците на јавниот превоз а кои ќе им бидат од голема корист на патниците.

Со бирање на опцијата СТАНИЦИ, корисникот има јасен преглед на сите почетни станици за бараниот автобус и за колку време возилото ќе пристигне на истата.

Опцијата ЛИНИИ е алатка која овозможува јасен преглед за одредена линија. Сликовито и текстуално ги наведува станиците низ кои поминува возилото на „ЈСП Скопје“ од почетокот до крајот на рутата.

Опцијата СОВЕТНИК треба да им помогне на граѓаните да ја пронајдат соодветната автобуска линија. Со внесување на почетната точка каде што се наоѓа патникот и крајната дестинација, може да се добие информација со која линија да се пристигне до посакуваната цел, дали треба да направи префрлање во друго возило и за колку време ќе пристигне. Доколку се менува маршутата на некоја автобуска линија поради работи на патот или други околности, таа информација веднаш се појавува на самата апликација во вид на нотификација.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2017 22:25