Секако дека се е логично и јасно дури и за господинот Шилегов, но неговата цел не е вистината, туку политичко сплеткарење со кое посакува да претстави дека неговите нечесни намери се во функција на демократијата во Македонија. Во однос на лагите и манипулациите изнесени од господинот Шилегов, би сакал да го истакнам следново:

- Анкетниот лист како министер за надворешни работи е поднесен во 2014 година до ДКСК

- Анкетниот лист како пратеник е поднесен во 2017 година до ДКСК

- Секој функционер има обврска да поднесе анкетен лист со изборот/ именувањето, оттука:

- Разликата во вредноста на станот од 200.000 денари за период од три години од анкетниот лист како МНР (2014) до онаа во анкетниот лист како Пратеник (2017) се должи на промените на вредноста на пазарот на недвижности во Белгија.

- Порастот во заштедата на сопругата, како и личната заштеда се должи на периодот на поднесување на едниот и другиот анкетен лист, (сума зголемена во период од 2014 до 2017).

- Во однос на возилото Ауди, исто така е логично е да се намали вредноста на возилото. Така, возилото во 2014 година било проценето на 900.000 денари, додека истото во 2017 година би вредело помалку и е проценето на 860.000 денари, имајќи ја во предвид амортизацијата на возилото.

Попоски: Шилегов ја манипулира јавноста


Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2017 22:52