Металург одигра лош натпревар, особено во првото полувреме, кое го почнавме солидно и бевме рамноправни во првите десетина минути. Металург во овој период имаше неколку нереализирани зицери, но грешките на нашиот напад беа компензирани од одбраните на голманот Арсиќ. При резултат 3:3, Металург не реализираше седмерец и тоа беше нашата последна шанса да оствариме водство на овој натпревар.
Следеше период на лоша игра, пропратена со целосен пад на концентрацијата кај нашите ракометари, а тоа противникот умешно го искористи и, со две серии од по 4:0, оствари убедлива предност од 8 гола по првите 30 минути игра.
Единствениот период во кој бевме рамноправни во вториот дел е оној од 38. до 40. минути, кога направивме серија од 3:0, за негатива од - 5, 14:19. Кога помисливме дека кризата е зад нас, Веспрем врати со своја серија од дури 7:0, за убедлива двоцифрена разлика. Конечниот резултат од ова тешко гостување на жешкиот терен во Веспрем е 33:21 за домашниот состав.
Свој слаб ден имаа и нашите крила, кои завршија со три гола од дури 14 обиди.
Веќе в среда Металург ќе одигра уште еден натпревар во рамките на СЕХА-лигата, овој пат во Скопје против екипата на Загреб.