Светската ракометна федерација ги објави најубавите 10 гола постигнати на Светското првенство во Франција. Очекувано прв на листата се најде двојниот цепелин на Манасков – Лазаров кои го изведоа одлично во дуелот против силната шпанска репрезентација.
Најголем дел од најубавите голови, разбирливо, отидоа на контото на Француската репрезентација а на големо изненадување, двојниот цепелин на Македонската репрезентација кои го изведоа Ѓеоргиевски и Лазаров исто така на натпреварот против Шпанија, како и двојниот цепелин на Филип Лазаров со Гоце Ѓеоргиевски на натпреварот против Исланд и двојниот цепелин на Попоски со Лазаров на натпреварот против Ангола, не се најдоа на списокот најубави десет гола на ракометниот мундијал во Франција.
Во продолжение погледнете ги најубавите 10 гола на светското ракометно првенство.