СДСМ го изгуби мнозинството во Советот на Општината и не се веќе на власт, зашто немаат кредибилитет, соопшти кооординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Пакетов на денешната прес-конференција.

Според Пакетов, советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во своите редови го придобила советникот од ВМРО-НП, Мето Витанов, со што го добиле потребното мнозинство од 12 советници, наспроти во моментов 10 на СДСМ.

– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општината. На последната седница се гласаше за дневен ред каде што немаше расположение од советничката група на СДСМ и ја блокираa работата на седницата и на комисијата зa мандатни прашања. Се потрудивме во интерес на граѓаните и заедно со советникот од ВМРО-НП да го одблокираме работењето на Советот на Општина Струмица, рече Пакетов.

Новата советничка група бара одржување итна седница, избор на нов претседател на Советот и нов градоначалник. – Бараме итно да се свика седница на Советот со која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на Советот. Ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица затоа што Зоран Заев нема легитимитет, не е веќе власт во Струмица, рече Пакетов. – Ова е нов почеток во Струмица. Почнува транспарентно и отчетно работење во општина Струмица. Ова значи крај на нетранспарентноста и матни тендери и богатење на поединци на грбот на општина Струмица. Ова значи крај на ерата на заплашување и притисоци. Струмичани добиваат одговорна власт за граѓаните. Ќе биде направена ревизија на работењето на сите општински институции. И започнува нов почеток на одговорно владеење и многу проекти за граѓаните на Струмица, додаде Зоран Пакетов.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2017 01:05