Бараме од Мето Витанов да ја преиспита својата одлука и да ја симне огромната дамка која самиот си ја става, побара Марјан Даскаловски од СДСМ. „Се поставува прашањето, како тоа, по безмалку четири години победничко мнозинство, на прагот на новите локални избори, господинот Витанов одлучува да го погази сето тоа што го сторил во изминатиот период, заедно со советниците на СДСМ. Ова е срамен чин и секој коментар би бил излишен,“ вели Марјан Даскаловски од СДСМ по денешната одлука на Мето Витанов од ВМРО-Народна партија премина во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.