Неутрализирањето на бомбата траело помалку од 10 минути, а нејзиното уништување беше најавено со со сирени кои граѓаните на Белград ги потсети на лоши спомени од бомбордирањето на НАТО на Југославија пред нецели 20 години.
Бомбата е пронајдена на девет метри длабочина со тежина од 500 килограми од кои 250 килограми експлозив хемиска запалка, за време на градежните работи на проектот „Белград на вода“. Стручните екипи на министерството за внатрешни работи советувале дека бомбата не смее да биде дислоцирана поради безбедносни причини и истата да биде уништена на лице место.
Ефектите се почуствувале на радиус од 500 метри, додека на најблиските згради одалечени 400 метри на станарите им биле претставени превентивни и заштитни мерки, односно спуштање ролетни, затварање и одалечување од прозорците.
Српскиот сезимолошки институт соопшти дека неговите четири мерни станици во околината на Белград при експлозијзата регистрирале потрес на земјиштето со просечен интензитет од 1,3 степени според Рихтеровата скала додека по експлозијата Министерството за внатрешни работи соопшти дека не биле регистрирани никакви последици по животите и имотот на граѓаните.