Поради временските услови нормално, во текот на зимата станува се потешко да се стане од кревет и да се излезе надвор. Уште потешко се наоѓа мотивација пак да се прави тренинг поради студеното време. Ако на се ова се додаде и празничната атмосфера која владее околу нова година, многумина од нас нема да се решат да излезат на “џогинг“ како што тоа го прават секојдневно во текот на летниот период.
Он лајн тренерите на многу познати личности, Кајрен Хасе и Скот Лејдлер, предложија неколку корисни совети за тоа како да ја пронајдете внатрешната мотивација и да вежбате дури и за време на празничната атмосфера.
Поставете си реални цели
Фокусирајте се на тоа што сакате да го постигнете и токму ова имајте го секогаш на ум. Наместо да трчате “мини маратон“ запаметете дека понекогаш е доволно и само 20 минутно трчање, секој втор ден, бидејќи на тој начин ги одржувате мускилите да бидат активни. Слободно поканете некој од вашето друштво, бидејќи во друштво се е полесно.
Сфатете го тоа како голем успех
Јануари е. И утрата и ноќите се темни, а во меѓувреме е само студено и мрачно. Сфатете го тоа како предност. Трчањето во непријатни и ладни услови е голем успех. Времето не може да влијае на вашиот тренинг и на вашата кондиција. Запомнете дека преку вежбањето се ослободуваат ендорфини хормони кои ја ублажуваат болката и стресот а со тоа и самите ние сме посреќни. Ако си честите самите на себе кога ќе тргнете да вежбате, замислете колку ќе бидете горди после трчањето.
Чувајте ги вашите мускули во студ
Студеното време може да влијае на вашите мускули кога ќе излезете надвор, поради темпрературна разлика. Затоа се препорачува добро загревање (може и во домашни услови) пред да тргнете а доколку тоа не го направите пред да тргнете, задолжително истегнете ги вашите мускули неколку минути, пред да почнете со трчање.
Останете безбедни во опасни услови
Со оглед на тоа дека поголемиот дел од времето е мрак, бидете сигурни дека носите облека која е приметлива и од далеку (се препорачува да биде светла боја) како и зимска облека која Ви одговара најмногу за движење по дожд или снег.
Заштитите се од ладното
Како да се справите со слоевитата и испотена облека? Кајрен препорачува да на себе носите три слоја на облека, односно основна облека како прв слој, облека која ќе ја впива потта која испарува од вашето тело како втор слој и заштитна облека од временските неприлики како трет слој. Нозете за разлика од телото побавно ја губат топлината, но се препорачува да облечете и спортски хеланки пред се заради одржување на топли мускули. Ракавиците се задолжителен дел од облеката за трчање на студено време, а доколку има ветер се препорачува и носење на стегач околу главата.
Правилна исхрана
Нашето тело може да генерира до 10% поголема топлина и тоа од 30 до 60 минути после јадење, од колку на празен стомак. Храната дополнително ни дава и енергија за трчање па затоа се препорачува трчањето во зимски услови да биде минимум пола саат по изеден оброк.
Доколку никој не може да ве натера да излезете од дома пак, не се обесхрабрувајте и направетен 20-минутен тренинг во домашни услови со склекови, стомачни и вежби кои често ги практицирате.