Кога чуствуваме болка или имаме оток секогаш кај нас постои дилема дали треба да одбереме топли или ладни облоги, а многумина од нас прават и грешки при изборот.

И двете работи си имаат свои предности. Топлината е подобра кога се работи за долготрајни и хронични болести, обично болките кои траат повеќе од две недели. Топлината најчесто се препорачува кога станува збор за болки или повреди на зглобовите и мускулите од причина што целосно ги пушта.

Мразот пак е ефикасен кај болките кои се предизвикани од свежи повреди како и и кај повредите кои имаат оток. Мразот или ладните облоги најчесто се препорачуваат кога луѓето имаат главоболка или проблеми со нервите.

Луѓето најчесто прават грешки и користат ладни облоги за да ја намалат болката која предизвикува болки во вратот, но во такви ситуации треба да се користат топли облоги бидејќи како што спомнавме погоре топлите облоги ги опуштаат мускулите.

Доколку пак дојде до истегнување на некој мускул или повреда на тетивата, најпрвин е потребно да се нанесе ладна облога за да ја ублажите болката и отокот доколку го има а потоа кога болката ќе помине пожелно е да се користи топла облога за опуштање на мускулите.

Слична е и препораката при истегнување или кинење на лигаментите во зглобовите. Најпрво се користат ладни а потоа топли облоги. Доколку пак имате воспаление на некое ткиво кое ги поврзува мускулите со зглобовите се препорачува користење на ладни облоги.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2017 02:03