Лошото време ги задржа ракометарите на Металург на аеродромот во Виена.
Авионот со ракометарите на Металург, кој од Виена тргна со големо задоцнување и по неколку одложувања, стигна до Скопје, но не можеше да слета, поради густата магла. По шесте круга направени над Скопје, авионот мораше да се врати во Виена.
Вечерва, околу 20.30 часот, членовите на Металург ќе летаат за Приштина каде треба да слетаат околу 22 часот, а потоа со автобус ќе пристигнат во Скопје.