Загадениот воздух и загадената вода предизвикуваат голем број на зарази и болести кај населението кое е приморано да живее во такви, градови, држави, области, предели. Иако во 21-тиот век технологијата е доста напредната сепак, не постои изум кој може да го реши проблемот со загадувањето доколку за тоа не постои граѓанска свест но и доколку властите не превземат се што е во нивна надлежност. Меѓутоа, во светот постојат градови кои токму овие параметри достојно ги почитуваат. Погледнете кои се најчистите градови во светот.

1. Коритиба, Бразил

Со популација од 1,8 милиони жители Коритиба е најголемиот град во сојузната држава Панама. Овој град е економски центар на Бразил во кој е сместено производството и индустријата на Бразил, па и покрај тоа локалните власти успеваат да ја сочуваат чистотата и квалитетот на околината.

2. Минеаполис, САД

Минеаполис има популација од 3,8 милиони жители и е најголем град во Минесота. Градот се наоѓа поред обалата на реката Мисисипи и поради тоа има многу езера, паркови и шуми кои го опкружуваат.

3. Осло, Норвешка

Осло е најнаселен град во Норвешка и е познат по чистиот воздух, отворениот простор и луксузниот живот. Причината поради која Осло е на оваа листа е поради тоа што целосно го имаат решено проблемот со ѓубрето. Имено цело ѓубре кое се произведува во домаќинствата во целост се користи за производство на електрична енергија.

4. Мелбурн, Австралија

Според густина на населението Мелбурн е втор град во Австралија со прекрасни визури и пејсажи. Квалитетот на питката вода е на високи 85% а квалитетот на воздухот на 83,5 проценти. Мелбурн е финансиски и економски центар на Австралија и во 2013 година е прогласен за најдобар град за живот на најмалиот континент.

5. Фрајбург, Германија

Фрајбург е преполн со зелени појаси, дрва и цвеќиња кои целосно ви даваат eco-friendly опкружување. Квалитетот на воздухот е скоро 88% а главната улога за тоа ја имаат граѓаните и власта.

6. Хелсинки, Финска

Доколку сакате совршено опкружување и клима за здрав и луксузен начин на живот, тогаш Хелсинки е најдобриот избор за Вас. Главниот град на Финска, покрај тоа што ги има едни од најдобрите образовни институции, нуди најголема удобност за живеење.

7. Берн, Швајцарија

Швајцарија е најчистата држава на светот па затоа и не треба да не чуди фактот дека Берн се наоѓа на оваа листа. Владата на Швајцарија пак е позната по своите строги правила кои се однесуваат на јавната чистота и хигиенските услови. Берн е еден од ретките градови во светот кој има има 100% - ен квалитет на водата за пиење гледано од здравствен аспект.

8. Хонолулу, Хаваи

Хонолулу е познат како град највеќе поради зеленилото кое се наоѓа на секој чекор. Секојдневниот благ ветер кој дува низ дождовните шуми е главниот креатор за чистиот воздух во градот. Како и во Швајцарскиот Берн, водата за пиење е со 100 % - ен квалитет, додека чистота на воздухот во Хонолулу е 90%.

9. Калгари, Канада

Калгари е плинско и нафтено седиште на Канада, но и покрај тоа овој град е еден од најчистите градови на светот. Владата вложува голем труд и превземе низа мерки и активности како би ја заштитила животната средина, чистотата на воздухот и квалитетот на питката вода, на високо ниво. Во близина на градот изграден е прочистувач на вода кој дневно може да прочисти и до 1 трилион вода а секој отпад се користи за добивање на обновливи извори на енергија. Чистотата на воздухот е 88 % додека квалитетот на водата високи 95 %.

Кои градови се најчисти во светот?


Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2017 03:39