Авиокомпанијата Катар ервејс денеска официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје-Доха-Скопје, соопшти Владо Мисајловски, министерот за транспорт и врски.

– Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули ќе го воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глобална авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот исток, истакна Министерот Мисајловски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека со тоа се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии и додаде дека во последните неколку години авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2017 23:37