Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска изјави дека жицата на границата со Хрватска веќе не е потребна и дека, според информациите со кој тој располага нема закана од нов бегалски бран по “балканската маршрута“.
Со отстранување на оваа пречка за мигрантите официјална Љубљана испрати порака дека мерките за заштита и безбедност на своите граници се применуваат а про по со реалните прилики на теренот и само во случаеви кога такви мерки се неопходно потребни.
“Жицата беше потребна, но таа веќе подолго време нема вистинска улога, како што беше пред половина година, кога немавме друг избор“ - истакна Пахор при неговата посета на Германија.