Златан Ибрахимовиќ постави нов рекорд во елитниот ранг на англиското фудбалско натпреварување. Швеѓанецот стана најстар играч кој постигнал најмалку 15 погодоци во една сезона на Премиер лигата.
Ибрахимовиќ до рекордот дојде со погодокот во победата на Манчестер јунајтед на вчерашното гостување кај Лестер кога по асистенција на Антонио Валенсија непосредно пред голманот на Лестер успеа да го доведе тимот на Манчестер Јунајтед до предност од 2:0.
До крајот на натпреварот, Манчестер Јунајтед постигна уште еден гол за конечни 3:0 и нов пораз на Англискиот шампион.
Ибрахимовиќ постигна 15 гола во Премиер лигата на возраст од 35 години и 125 дена.
Ибра го дели второто место на листата на стрелците со Диего Коста од Челзи и Алексис Санчес од Арсенал, а лидер е Белгиецот Ромелу Лукаку, кој има еден гол повеќе.
Манчестер јунајтед се ноѓа на 6-тата позиција во Премиер лигата со еден бод помалку од Ливерпул, а со два зад Арсенал.