На денешното изборно Собрание на Ракометната федерација на Македонија не се очекуваат никакви изненадувања а актуелниот Претседател Живко Мукаетов е пред реизбор на оваа функција.
Македонските клубови повторно ќе му ја дадат поддршката исто како и лани, кога не беше прифатена оставката на Мукаетов, која ја поднесе како морален чин по неуспехот на Македонската ракометна репрезентација да се пласира на Олимписките игри и со тоа да стане прва екипна репрезентација која учестувала на највисокиот спортски настан во историјата на Македонија.
Актуелниот претседател на ракометната федерација, покрај поддршката од клубовите ужива и целосна доверба од репрезентативците на Македонија.