Во солунското пристаниште стои заглавен околу 120.000 тони товар наменет за Македонија, кој не може да стигне до крајната дестинација поради протестите на грчките земјоделци кои ги блокираат автопатите и граничните премини на Грција и не дозволуваат трговијата да се одвива нормално.
Раководството на солунското пристаниште за грчкиот медиум “Вориа“ истакнале дека во солунското пристаниште ќе се акумулираат околу 120.000 тони суровини, како што се никел, јаглен, челик, сол и друго, кои се наменети за македонската индустрија.
Солунските власти апелираа до земјоделците да имаат разбирање за проблемите со кои се соочува солунското пристаниште и својот револт да го изразат на друг начин, а не со блокирање на автопатите, затоа што ако продолжи ваквата состојба клинетите ќе мора да го насочат својот товар кон други конкурентски пристаништа на Балканот со што Солунското пристаниште ќе изгуби пари, углед и доверба кај клиентите.