Министерството за надворешни работи на Република Македонија по дипломатски пат преку македонската Амбасада во Вашингтон побара став од Стејт Департментот на САД за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рохрабакер изнесени во интервју за „Визион Плус“ од Тирана.

– Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Истите разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото, се наведува во соопштението од МНР.

Изразуваат уверување дека Стејт Департментот соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2017 14:16