Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ по посетата со турската амбасадорка истакна дека СЈО не било пречка во разговорите за формирање Влада со ДУИ туку дека не успеале да се договорат околу двојазичноста на цела територија, односно дека ВМРО – ДПМНЕ била изрично против таква опција.

“Во разговорите со ДУИ ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонскта во висина од најмалку 20 осто во рамките на општината, прашање зза што исто така имаше многу разлики. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се посочи дека очигледно е дека одредени партии сакаат да ја заобиколат партијата која освои мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори и сакаат на тој начин да ги остварат целите поврзани со Законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако за носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш треба да им е јасно дека за измена нна таков закон потребна е и подршка од мнозинството на мнозинската зедница, поточно потребно е и мнозинство од македонците во парламентот.“ – се вели во партиското соопштение на ВМРО – ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2017 23:36